Ново испитување покажа охрабрувачки резултати: Вакцина отстрани тумори кај 15 пациенти

- Advertisement -

Меѓународно испитување во 11 земји покажа дека вакцината наречена “амивантамаб” предизвикала силен одговор кај пациенти со рак во напредната стадиум кои не реагирале на претходни третмани.

Лекот бил тестиран на пациенти чиј рак се проширил или се вратил по претходен третман. Во студијата 102 пациенти со рак на мозок и врат ја примиле инјекцијата, а 43 лица имале намалување или целосно исчезнување на туморите.

- Advertisement -

Од нив, 28 имале значително намалување на туморот, додека лекарите откриле дека 15 пациенти имале целосно отстранување на туморите.

Ова се невидено силни одговори кај пациенти чија болест станала отпорна и на хемотерапија и на имунотерапија“, рече професорот Кевин Харингтон, професор по биолошки терапии за рак на Институтот за истражување на ракот во Лондон и консултант онколог во Royal Marsden NHS Foundation Trust.

- Advertisement -

Тој додаде дека третманот има потенцијал да им користи на илјадници пациенти секоја година.

Истражувачите велат дека “амивантамаб” делува на три начина: го блокира EGFR, протеин кој им помага на туморите да растат; го блокира MET, пат преку кој клетките на ракот често го избегнуваат третманот; и го активира имунолошкиот систем да го нападне туморот.

- Advertisement -

Слични резултати се забележани кај пациенти со рак на белите дробови, а лекот на Johnson & Johnson моментално се оценува во околу 60 клинички испитувања.

За разлика од многу третмани за рак, “амивантамаб” се дава поткожно еднаш на секои три недели, наместо со интравенска инфузија, што го прави третманот побрз и поудобен за амбулантските пациенти.

Повеќето несакани ефекти биле благи до умерени, а помалку од еден од десет пациенти морале да го прекинат третманот. Пациентите кои го примиле лекот живееле во просек 12,5 месеци по почетокот на терапијата, иако станува збор за тешка форма на рак со лоши исходи кога стандардните третмани престануваат да делуваат.

(Klix.ba)

- Advertisement -