Airbus во вторник соопшти дека нивниот широкотрупен авион A350-1000ULR, способен да лета до 22 часа без престан, успешно го завршил првиот тест лет. Airbus A350-1000ULR е варијанта на неговиот популарен авион A350, со дополнителен заден резервоар за гориво што му овозможува да лета на многу долги растојанија.
„Авионот, опремен со специјална инструментација за тестирање на летот, леташе три часа и 43 минути, достигнувајќи надморска височина од малку над 41.000 стапки (12.500 метри)“, се вели во соопштението на европскиот производител на авиони.
Авионот, кој се продава со ознаката ULR, што е кратенка за ултра долг дострел, е еден од 12-те нарачани од австралиската авиокомпанија Qants за да му се овозможи да извршува непрекинати летови помеѓу Сиднеј и Лондон.
Airbus соопшти дека планира да му го испорача првиот А350-1000ULR на Qantas во април 2027 година. Авиокомпанијата првично се надеваше дека ќе ја започне директната линија Сиднеј-Лондон во 2025 година.
Тест летot во вторник од објектот на Airbus во јужниот француски град Тулуз започна двомесечни тестови за да се потврдат модификациите направени од постојните три верзии на А350, вклучително и за дополнителниот резервоар за гориво што му овозможува да лета околу 18.500 километри (11.500 милји).
Најдолгиот комерцијален лет што моментално е летот на Singapore Airlines oд Сингапур до Њујорк, кој поминува 15.350 километри за повеќе од 18 часа.
(France 24)
(фото: Wikimedia)

























