Чешка е првата земја од ЕУ која ќе дозволи 150 км/ч по автопат

- Advertisement -

Чешка ќе стане првата земја од ЕУ што ќе дозволи брзина до 150 км/ч на одредени делови од своите автопати од крајот на септември.

Новите правила се воведуваат преку пилот-проект, а првата делница каде што ќе се применува зголеменото ограничување на брзината е на автопатот D3, помеѓу Прага и Линц.

- Advertisement -

Ова се околу 50 километри пат што ќе служи како тест зона за новата максимална брзина. Во моментов општото ограничување на брзината на чешките автопати е 130 км/ч, но новите електронски сообраќајни знаци ќе овозможат да се зголеми на 150 км/ч кога условите за возење се поволни. Ова значи суви патишта, добра видливост и помалку сообраќај.

Во случај на дожд, снег или лизгави патишта ограничувањето на брзината автоматски ќе се намали за 20 км/ч во споредба со стандардното ограничување на брзината. Чешката администрација за патишта инвестира околу 2,2 милиони евра во нова сигнализација, а веќе се идентификувани неколку делови што би можеле да бидат вклучени во тестирањето во наредниот период.

- Advertisement -

Ова е првата промена на ограничувањата на брзината на чешките автопати од 1997 година, кога максималната дозволена брзина беше зголемена од 120 на 130 км/ч.

(Kamatica)

- Advertisement -

(фото: Pixnio)

- Advertisement -