Цената на златото повторно достигна нови високи нивоа. Еден грам злато моментално се продава за околу 119 евра, додека цената на една унца (31,1 грам) изнесува 3.708 евра.
Растот на вредноста е поттикнат од комбинација на глобална економска неизвесност, геополитички тензии и засилена побарувачка за инвестиции што се сметаат за побезбедни во нестабилни времиња.
Експертите посочуваат дека златото традиционално претставува „безбедно засолниште“ во периоди кога финансиските пазари се соочуваат со турбуленции. Стравувањата од забавување на економскиот раст, можните промени во каматните стапки и нестабилноста на меѓународната сцена ги насочуваат инвеститорите кон благородниот метал.
За граѓаните, ова значи дека вредноста на златниот накит и инвестиционите златници значително пораснала во споредба со претходниот период.
Фото – PEXELS

