Европа останува особено ранлива поради долгорочниот пад на бројот на рафинерии, што ја прави позависна од другите големи региони од резервите од Блискиот Исток што минуваат низ Ормутскиот Теснец. Велика Британија, Франција и Германија се особено изложени, според Ројтерс, повикувајќи се на податоци од консултантската компанија Energy Aspects.
Според проценките на компанијата на 18 јуни, Европа би можела да има недостиг од речиси 600.000 барели нафта дневно во третиот квартал од оваа година. Aнализата на Ројтерс покажува дека европските резерви покриваат помалку од 30 дена побарувачка, што е најниско ниво меѓу главните пазари на гориво за авиони.
За споредба, САД имаат суфицит од околу 116.000 барели дневно, додека суфицитот во Азиско-пацифичкиот регион се проценува на околу 425.000 барели дневно.
Европската комисија призна дека ситуацијата би можела дополнително да се влоши ако прекините во снабдувањето со енергија продолжат или се интензивираат.
Зависноста од поморскиот транспорт преку Ормутскиот теснец, низ кој минува значаен дел од светската трговија со нафта, стана особено ризична по ескалацијата на конфликтот меѓу САД и Иран и новите напади во регионот.
(N1)
(фото: Raw Pixel)




























