51 ремек-дело од најголемиот музеј во светот, вклучувајќи ја и култната Мона Лиза на Леонардо да Винчи, се достапни Samsung Art Store Кураторскиот избор вклучува ремек-дела од ренесансата, неокласичниот и романтичниот период, како и додавање на 34 нови уметнички дела
Компанијата Самсунг („Samsung“) денес објави дека 34 сосема нови уметнички дела од колекцијата на Лувр (Louvre) за првпат се приклучуваат на Samsung Art Store, со што вкупно 51 ремек-дело од еден од најпознатите светски музеи станува достапно за корисниците на Samsung Art Store ширум светот. Колекцијата ја вклучува “Мона Лиза” на Леонардо да Винчи (Leonardo da Vinci), како и некои од најпознатите уметнички дела на Лувр, нудејќи им на корисниците невидена можност за пристап до векови уметност преку компатибилните телевизори Samsung Art TV.
Колекцијата ги содржи некои од најславните ремек-дела на Лувр, вклучувајќи ги „Слободата што го води народот“ од Ежен Делакроа (Eugène Delacroix), „Свадбената гозба во Кана“ од Паоло Веронезе (Paolo Veronese) и „Големата Одалиска“ од Жан-Огист-Доминик Енгр (Jean-Auguste-Dominique Ingres). Овие иконски дела се надополнети со слики од големи европски мајстори како што се Караваџо (Caravaggio) и Жак-Луј Давид (Jacques-Louis David), заедно со истакнати примери на француско неокласично и академско сликарство, вклучувајќи ги „Гркинки на фонтаната“ од Доминик Папети (Dominique Papety) и „Орфеј и Евридика“ од Никола Пусен (Nicolas Poussin), што претставува големо проширување на курираната дигитална галерија на „Samsung“.

„Лувр го претставува најдоброто од француското уметничко и културно наследство“, рече Гијом Ралт (Guillaume Rault), потпретседател за потрошувачка електроника во „Samsung Electronics“ во Франција. „Горди сме што ги носиме овие ремек-дела надвор од ѕидините на музејот и во домовите на милиони луѓе низ целиот свет преку нашите Samsung Art TV уреди.“
Ова партнерство со Лувр дополнително го зајакнува растечкото портфолио на Samsung Art Store од водечки музеи и културни институции. Како еден од најпосетуваните музеи во светот, Лувр е дом на некои од најважните уметнички богатства во историјата, а со проширувањето на пристапот до оваа култна музејска колекција на Samsung Art Store, корисниците можат да откриваат и прикажуваат ремек-дела на компатибилни „Samsung“ телевизори и екрани.
Samsung Art Store им нуди на претплатниците пристап до курирана библиотека со уметнички дела од водечки музеи и уметници ширум светот. Достапна на Samsung Art TV уредите, услугата им овозможува на корисниците да откријат над 5.000 уметнички дела и да уживаат во музејската уметност од удобноста на својот дом.
Колекцијата Лувр сега е достапна глобално преку Samsung Art Store.

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“
“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.
“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.
За Samsung Art Store
Samsung Art Store е услуга број 1 за претплата на ТВ уметност во светот, достапна во повеќе од 115 земји и расте. Нуди пристап до огромен каталог од повеќе од 5.000 уметнички дела од повеќе од 800 уметници преку соработка со водечки институции како што се Метрополитен музејот на уметност, MoMA и Музејот Орсеј, повторно запознавајќи ги луѓето со уметноста на нови, значајни начини. Samsung Art Store е достапна во неколку Samsung ТВ серии, правејќи ја уметноста од водечките светски уметници, музеи и галерии подостапна од кога било.
За Музејот Лувр
Отворен за сите од 1793 година, Музејот Лувр беше првиот музеј што се отвори за пошироката јавност во Франција. Роден од Француската револуција и наследник на големите кралски колекции, овој поранешен дворец на кралевите на Франција отсекогаш живеел и се развивал заедно со националната – и глобалната – историја.
Денес, Лувр е еден од водечките играчи на меѓународната музејска сцена, со своите 30.000 уметнички дела изложени на 70.000 квадратни метри, вклучувајќи ремек-дела како „Мона Лиза“, „Крилестата победа на Самотрака“, „Седнатиот писар“ и „Венера де Мило“. Содржи колекции кои раскажуваат историја на светот која отсекогаш се градела врз размени и врски, опфаќајќи се од антиката до 19 век, од Азија до Америка.
Лувр е музеј со универзална мисија, место каде што се спојуваат културите и цивилизациите, каде што минатото и сегашноста комуницираат. Тоа е местото каде што сите видови уметности и сите форми на изразување се манифестираат во денешниот свет – место за подобро разбирање на самите аспирации на човештвото.

























