Ова се најинтелигентните градови во светот

- Advertisement -

Лондон го освои првото место на новата глобална ранг-листа на градови кои најуспешно користат вештачка интелигенција и дигитални технологии за подобрување на квалитетот на животот на своите жители.

Консалтинг компанијата Boston Consulting Group (BCG) го објави првото издание на Индексот на интелигентни градови, студија во која беа вклучени 61 голем град низ целиот свет. Целта на рангирањето беше да се утврди колку ефикасно локалните самоуправи ја применуваат вештачката интелигенција и дигиталните решенија во секојдневното функционирање на градот.

- Advertisement -

Секој град доби оценки во пет клучни области: постигнати резултати за граѓаните, стратегија за развој, примена на нови технологии, способност на владите да спроведуваат планови, како и услови што овозможуваат развој, како што се финансирање, стручен персонал и инфраструктура.

Дополнително, беа земени предвид податоците за задоволството на граѓаните од дигиталните услуги што ги обезбедуваат локалните самоуправи, како и колку жителите користат алатки базирани на вештачка интелигенција во секојдневниот живот.

- Advertisement -

Врз основа на вкупните резултати, градовите се класифицирани во четири категории: водечки, брзо напредувачки, во развој и оние што штотуку ја започнуваат својата дигитална трансформација.

Според извештајот за 2026 година, Лондон постигна најголем број поени благодарение на резултатите што директно го одразуваат животот на граѓаните – од квалитетот на животот до економските можности.

- Advertisement -

Веднаш зад британската престолнина се Дубаи, Њујорк, Вашингтон и Амстердам, кои ги заокружија првите пет места на листата.

Истражувањето, исто така, покажа дека интересот за вештачка интелигенција не е ограничен само на традиционалните технолошки центри. Жителите на голем број градови во Африка, Азија и Блискиот Исток се меѓу најактивните кога станува збор за секојдневната употреба на генеративна вештачка интелигенција, што покажува дека дигиталната трансформација не е резервирана само за Силиконската долина или Шенжен, Кина.

Најпаметните градови во светот во 2026 година се:
1.Лондон
2.Дубаи
3.Њујорк
4.Вашингтон
5.Амстердам
6 Берлин
7.Сан Франциско
8.Шангај
9.Пекинг
10.Сеул
11.Сингапур
12.Виена
13.Копенхаген
14.Шенжен
15.Бостон
16.Лос Анџелес
17.Стокхолм
18.Цирих
19.Минхен
20.Абу Даби

(Nova.rs)

- Advertisement -