Meta затвори над 750.000 профили во Австралија по забраната за социјални медиуми за лица под 16 години

- Advertisement -

Meta соопшти дека помеѓу декември и јуни затворила повеќе од 750.000 профили на Instagram и Facebook за кои се сомневала дека им припаѓале на австралиски корисници под 16 години.

Овој потег доаѓа откако стапи во сила забраната за социјални медиуми во Австралија за таа возрасна група.

- Advertisement -

Meta соопшти дека деактивирала 462.000 сомнителни профили на Instagram и 294.000 профили на Facebook, објави Ројтерс. Во јануари, компанијата соопшти дека дотогаш отстранила 331.000 профили на Instagram и 173.000 профили на Facebook.

Забраната за социјални медиуми за лица под 16 години стапи во сила во Австралија на 10 декември и беше воведена поради загриженост за влијанието на социјалните медиуми врз физичкото и менталното здравје на децата и младите. Meta изјави дека сака да се придржува до законот, иако, како и другите платформи, претходно се спротивставуваше на него.

- Advertisement -

Австралискиот интернет регулатор размислува да преземе правни мерки против платформите за кои верува дека не презеле доволно чекори за спроведување на забраната.

Затоа, австралиската влада ја зголеми максималната казна за кршење на законот на речиси 70 милиони долари и му даде на регулаторот поголеми овластувања за добивање документи.

- Advertisement -

Податоците на австралиската влада и неколку независни студии покажаа дека повеќе од осум од 10 лица под 16 години продолжиле да ја користат платформата на социјалните медиуми во текот на првите три месеци од забраната.

Претставници од Meta, TokTok, Google, YouTube и Snapchat, како и регулаторни и владини претставници, треба да сведочат утре пред парламентарната истрага за спроведувањето на забраната.

Meta соопшти дека користи вештачка интелигенција за да процени дали сметката му припаѓа на лице под 16 години, анализирајќи објави и датуми на раѓање, меѓу другото. Компанијата, исто така, објави дека го оневозможила повторното отворање на сметки откако претходната сметка на корисникот била укината поради сомневања дека е малолетен.

(021)

(фото: AdLeg)

- Advertisement -