Пакомак со поддршка за позелено Крушево преку унапредување на системот за управување со отпад

- Advertisement -

Како дел од напорите Крушево да стане препознатлива зелена туристичка дестинација, „Пакомак“ се приклучува кон иницијативите за воспоставување поефикасен и поодржлив систем за управување со отпад во градот.

Во соработка со Општина Крушево, Јавното комунално претпријатие и Програмата за зголемување на пазарната вработливост ИМЕ, „Пакомак“ ќе поддржи поставување преса за отпад, со што ќе се овозможи подобро сортирање и третман на пластика, стакло и алуминиум.

- Advertisement -

Оваа инвестиција претставува значаен чекор кон намалување на количините отпад што завршуваат на депониите и создавање поефикасен систем за собирање и рециклирање на отпадната амбалажа. Дополнително, унапреденото управување со отпадот ќе придонесе за зачувување на природните вредности на Крушево и за подигнување на стандардите за одржлив туризам.

„Одржливиот туризам не може да се развива без одговорно управување со отпадот. Преку ова партнерство придонесуваме кон создавање почиста животна средина и поттикнуваме практики кои носат долгорочни придобивки и за локалната заедница и за посетителите“, велат од „Пакомак“.

- Advertisement -

Со оваа соработка, Крушево прави уште еден важен чекор кон својата визија да стане пример за зелена транзиција и одржлив развој во регионот.

- Advertisement -