Речиси 40% од музиката објавена во јули е создадена со вештачка интелигенција

- Advertisement -

Според ново истражување од SubmitHub, речиси 40% од новата музика објавена ширум светот во јули 2026 година е создадена со помош на вештачка интелигенција. Онлајн платформата, која им овозможува на музичарите да ги објавуваат своите песни на музички плејлисти и блогови, анализирала повеќе од милион музички нумери.

Нејзината алатка за детекција на вештачка интелигенција SH Labs покажа дека 23,2% од анализираните песни се генерирани целосно со помош на вештачка интелигенција. Дополнителни 15,3% од песните содржеле елементи на звук генериран од вештачка интечигенција кои потоа биле „изменети или обработени“.

- Advertisement -

Ова значи дека вкупно 38,5% од музиката објавена во јули е создадена со одреден степен на вклучување на вештачка интелигенција.

SubmitHub беше лансиран од SH Labs претходно ова лето, со цел да го истакне она што го нарекува растечки проблем со транспарентноста кога станува збор за употребата на вештачка интелигенција во музиката.

- Advertisement -

Алатката веќе се користи на платформи како што се Bandcamp и Traxsource, како и на организацијата за колективно управување GEMA.

Основачот на SubmitHub, Џејсон Грискоф, рече дека транспарентноста треба да биде начин за справување со употребата на вештачка интелигенција во музиката, за слушателите да можат сами да одлучат дали сакаат да слушаат музика создадена со помош на вештачка интелигенција.

- Advertisement -

Најновите податоци доаѓаат откако услугата за стриминг Deezer објави дека песните со вештачка интелигенција сочинуваат повеќе од половина од сите нови дневни изданија на платформата во јуни. Во исто време, студија од 2025 година покажа дека 97 проценти од луѓето не можат да разликуваат вистинска музика од музика создадена од вештачка интелигенција.

Некои компании веќе почнаа да воведуваат мерки за идентификување или ограничување на музиката со вештачка интелигенција.

Bandcamp ја забрани музиката направена целосно со помош на вештачка интелигенција на почетокот на 2026 година, додека Spotify најави воведување на етикета „AI Persona“ на профилите на индивидуалните уметници, така што слушателите можат да ја препознаат музиката создадена со употреба на вештачка интелигенција.

Иницијативата треба да започне во септември.

Голем број познати музичари, вклучувајќи ги Кејт Буш и гитаристот на Queen, Брајан Меј, ја критикуваа употребата на нивните дела за обука на системи со вештачка интелигенција без дозвола, предупредувајќи дека таквата практика може да го загрози постоењето на уметниците.

(021/Euronews)

(фото: Easy Peasy AI)

- Advertisement -