Трамп воведува 50% повисоки царини за сите автомобили, камиони и автоделови од Канада

- Advertisement -

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес објави, по неуспешните трговски преговори со Отава, дека царините за сите автомобили, камиони и автоделови од Канада ќе се зголемат на 50 проценти почнувајќи од 1 јануари. Трамп оцени дека Канада, во однос на трговијата и другите елементи, е меѓу најлошите земји во светот.

Минатата година вредноста на трговската размена меѓу САД и Канада беше повеќе од 870 милијарди долари, што е намалување од 4,6 проценти во споредба со претходната година.

- Advertisement -

Повеќе од три четвртини од канадскиот извоз оди во САД, од каде што доаѓа речиси половина од стоката увезена во Канада.

Американската автомобилска индустрија е во голема мера зависна од Канада и Мексико, поради што царините би можеле да имаат драстично влијание врз производството во САД.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Digiwatch)

- Advertisement -