Nvidia достигна пазарна капитализација од 4 трилиони долари

- Advertisement -

Во средата американскиот производител на чипови Nvidia стана првата компанија чии акции котираат на берзата што достигна пазарна капитализација од 4 трилиони долари. Акциите на водечкиот производител на чипови пораснаа за 2,4 отсто во средата, достигнувајќи 164 долари, поттикнати од континуираната побарувачка за технологии поврзани со вештачката интелигенција.

Nvidia ја достигна границата од 1 трилион долари пазарна вредност во јуни 2023 година, а нејзината вредност е повеќе од тројно зголемена за приближно една година. Претходно истата година технолошкиот сектор во целина беше разнишан од појавата на кинеската компанија DeepSeek, која користеше значително помалку чипови од Nvidia и помалку енергија за својата апликација базирана на вештачка интелигенција.

- Advertisement -

Во април финансиските пазари беа вознемирени од најавата за нови американски царини. Сепак, оттогаш акциите на Nvidia пораснаа за околу 74 отсто, поттикнати од широкото усвојување на вештачката интелигенција и очекувањата дека САД и нивните трговски партнери би можеле да постигнат договор за царините.

Во овие услови, берзанскиот индекс S&P 500 го достигна своето највисоко ниво од своето основање во средината на 20-тиот век.

- Advertisement -

Microsoft моментално е на второто место меѓу американските компании, со пазарна капитализација од 3,75 трилиони долари. Неговите акции пораснаа за 1,3 отсто на 503 долари, според најновите достапни податоци. Nvidia има најголем удел во индексот S&P 500, од ​​7,3 отсто, по што следат Apple и Microsoft со удел од речиси седум, односно шест отсто.

(Al Jazeera)

- Advertisement -

(фото: Roboflow Universe)

- Advertisement -