Од пребарување до AI одговори: Како брендовите да победат на новото дигитално бојно поле

- Advertisement -

На првиот ден од конференцијата AI Tech Summit Filip Avramchev 2026, во рамките на програмата AI Labs, Наташа Божиновска Миркова, генерален директор на Represent Communications Skopje, одржа забележителна презентација на тема „From Search Result to AI Answers: Winning the New Brand Battlefield“. На настанот беа отворени клучни прашања за тоа како вештачката интелигенција изворно ги менува правилата на игра во дигиталниот маркетинг и онлајн видливоста.

Дигиталната револуција: Од кликови до синтетизирани одговори

Со години SEO (Search Engine Optimization) беше главен столб за дигитална присутност. Меѓутоа, со навлегувањето на генеративната вештачка интелигенција, како Google AI Overviews, ChatGPT, Gemini, Perplexity и Copilot, начинот на кој корисниците бараат информации се менува од корен.

- Advertisement -

Денес, корисникот сè поретко го започнува своето патување со посета на веб сајтот. Сè започнува и завршува во самиот одговор што го генерира AI системот. Пред да се случи првиот клик, вештачката интелигенција веќе може да направи:

  • Резиме на цела категорија на производи или услуги;
  • Споредба меѓу конкурентски брендови; 
  • Препорака за конкретен добавувач или бренд;
  • Анализа и интерпретација на репутацијата.

Ова го создава т.н. „AI Dark Funnel“, простор каде одлуката за купување се обликува уште пред корисникот да стигне до вашиот веб сајт. Доколку брендот не е присутен во тој одговор, тој е практично исклучен од изборот.

- Advertisement -

Што бара вештачката интелигенција од брендовите?

Класичното SEO и понатаму е неопходно, но веќе не е доволно. Вештачката интелигенција не само што прикажува линкови, туку го разбира прашањето, го дели на подтеми, анализира извори и ги синтетизира информациите во еден одговор. За еден бренд да биде препорачан и цитиран од AI, потребно е да има:

  1. Јасен ентитет (Clear Entity): Недвосмислена дефиниција за тоа кој е брендот и што прави.
  2. Структурирана содржина: Информации кои AI лесно може да ги извлече и разбере.
  3. Авторитет во темата: Длабочина на содржината по одделни теми.
  4. Потврда од трети страни: Присуство во медиуми, експертски анализи, рецензии и партнерски платформи.
  5. Конзистентност: Иста приказна и наратив низ сите канали.

Време е брендовите наместо само за позиција на Google, да се борат за AI Share of Voice, мерка за тоа колку често и на каков начин брендот е застапен и цитиран во AI одговорите.

- Advertisement -

AIEO – Новата услуга од Represent Communications Skopje

Како одговор на овие предизвици и брзи промени на пазарот, Represent Communications Skopje ја развива и нуди услугата AI Engine Optimization (AIEO). 

AIEO ги поврзува SEO, AEO (Answer-Engine Optimization), GEO (Generative-Engine Optimization) и Digital PR во еден интегриран и современ пристап.

Процесот започнува со детална анализа на тоа како AI системите моментално го разбираат и претставуваат брендот, кои извори ги користат и каде постојат празнини во содржината, авторитетот и дигиталното присуство. Целта на AIEO е брендот да биде не само пронајден, туку и точно претставен, цитиран и конзистентно присутен во релевантните AI одговори.

- Advertisement -