Армор Плус ги претстави современите решенија за гасење пожари од електрични возила и литиумски батерии во Скопје

- Advertisement -

Со развојот и сè пошироката употреба на електричните возила и уредите кои користат литиумски батерии, противпожарните служби се соочуваат со нови предизвици и потреба од примена на соодветни техники и опрема за интервенција.

Токму на оваа тема беше посветена презентацијата што деновиве се одржа во Територијалната противпожарна бригада Скопје, каде што Армор Плус, како официјален застапник за регионот на холандската компанија Fire Isolator, ги претстави современите решенија за справување со пожари на електрични возила и литиумски батерии.

- Advertisement -

Во рамки на практичната презентација беа демонстрирани повеќе техники за гасење и контролирање на пожари на литиумски батерии. Присутните имаа можност да се запознаат со примената на противпожарни ќебиња, аеросоли, водена магла и специјален воден пиштол, наменети за интервенции при ваков тип пожари. Посебен акцент беше ставен на практичната примена на различните решенија и на предизвиците со кои се соочуваат пожарникарите при интервенции на електрични возила и батериски системи.

Армор Плус – повеќе од две децении во областа на безбедноста

Презентацијата ја реализираше Армор Плус, македонска компанија основана во 2002 година, која повеќе од две децении работи во областа на безбедноста и заштитата. Компанијата е специјализирана за лична заштитна опрема, противпожарна опрема, опрема за спасување и други професионални решенија за заштита и безбедност. Од 2010 година, Армор Плус е дел од PASTOR GROUP, а преку соработката со меѓународни производители и партнери на пазарот ги застапува и имплементира современите технологии и решенија од оваа област.

- Advertisement -

Во своето работење, компанијата покрај обезбедувањето опрема и технички решенија, посветува внимание и на едукацијата, обуките и размената на професионални знаења, со цел правилна и ефикасна примена на опремата во реални услови.

Преку партнерството со Fire Isolator – Netherlands, Армор Плус во регионот ги претставува решенијата наменети за справување со специфичните ризици поврзани со пожари на литиумски батерии и електрични возила.

- Advertisement -

Организаторите посочија дека ваквите практични презентации имаат значење за континуирано унапредување на знаењата и подготвеноста на професионалците кои се директно вклучени во гасење пожари и спасувачки интервенции.

Од Армор Плус изразија благодарност до Територијалната противпожарна бригада Скопје за гостопримството, професионалноста и соработката, како и до Амбасадата на Кралството Холандија за поддршката на настанот.

Со зголемувањето на бројот на електрични возила и употребата на литиумски батерии во различни области, прашањето за соодветната противпожарна заштита станува сè позначајно, што ја наметнува потребата од континуирано следење на новите технологии, техники и протоколи за безбедна интервенција.

Еве како изгледаше тоа:

- Advertisement -