YOVA ја претстави новата невестинска колекција – The Bridal Edit на гламурозната Haute Wed Gala

- Advertisement -

Македонскиот бренд за рачно изработени чанти и аксесоари YOVA ја претстави The Bridal Edit – нова колекција создадена за невестата, нејзините девојки и сите моменти што вреди да се носат со себе.

Колекцијата носи нова перспектива на невестинските додатоци, спојувајќи ја препознатливата рачна изработка на YOVA со современи силуети и невестинска естетика. Веќе познатите модели на брендот се пресоздадени во чиста невестинска бела, како и во комбинации со сребрена, златна и бронзена рафија, додека дел од дизајните се надополнети со автентични охридски бисери од семејството Талеви.

- Advertisement -

The Bridal Edit ги обединува моделите Силви Багет, Силви Микро, Ринг, Реса, Фиори и Бисера, заедно со новиот Бисера Чокер – рачно хеклан чокер со 14 автентични охридски бисери од семејството Талеви. Целата колекција е замислена не само за свадбениот ден, туку и за сите свечени моменти што следуваат потоа.

The Bridal Edit за првпат беше претставена во живо на The Haute Wed Gala 2026 by Atelier Per Sempre, одржана на 30 септември во PARK by Ragusa, каде YOVA беше дел од гламурозната вечер посветена на невестинската мода, високата мода и современата свадбена естетика. Годинешното издание на The Haute Wed Gala ја спои модата со музика, кабаре и театарски перформанс, во амбиент инспириран од стариот Холивуд и ерата на 1920-тите.

- Advertisement -

„The Bridal Edit“ е продолжение на филозофијата на YOVA – да создава рачно изработени парчиња со карактер, кои не се врзани само за една пригода. Секој модел е изработен во мали серии во Македонија, со фокус на рачната изработка, современиот дизајн и внимателно избрани италијански материјали.

The Bridal Edit е достапна за нарачки на yova.maison и во УРМА во Skopje City Mall.

- Advertisement -