SpaceX објави две важни надградби на патот кон претворање на Starlink Mobile во целосно функционален мобилен оператор. Оваа недела SpaceX најави два значајни чекори за остварување на оваа цел:
-Ново портфолио на лиценци за спектар со ниски фреквенции на национално ниво
-Одобрение од FCC за барањето на Starlink Mobile за сателитската констелација од втората генерација (Gen2)
Првиот чекор претставува значајна пресвртница во процесот Starlink Mobile да стане вистинска алтернатива на другите мобилни оператори. Во соопштението се наведува:
“Иако глобалниот спектар од 2 GHz (среден опсег) на Starlink Mobile ќе обезбеди голем капацитет на пропусен опсег во САД, овој нов спектар со ниски фреквенции ќе овозможи слој на покриеност кој гарантира дека сигналот на Starlink Mobile ќе навлегува низ пречките, како што се ѕидовите, и ќе може да ги опслужува уредите на корисниците дури и кога тие се наоѓаат во згради. Што е особено важно, повеќето постоечки мобилни уреди веќе го поддржуваат овој недоволно искористен фреквентен опсег.”
Конечното одобрение од FCC сè уште не е добиено, но SpaceX очекува тоа да се случи, по што компанијата ќе може да продолжи со имплементација на флексибилна архитектура што ја комбинира нивната сателитска констелација за директно поврзување со мобилни уреди со напредна копнена инфраструктура“.
Сепак, FCC веќе го одобри распоредувањето на 15.000 сателити кои се оптимизирани за спектарот од 2 GHz на глобално ниво. Овие сателити V2 на Starlink Mobile обезбедуваат пропусен капацитет повеќе од 100 пати поголем од оној на тековната генерација, со што се зголемуваат брзините на поврзување низ целиот свет.
(9to5Mac)




























