Француски стартап инвестира над 10 милијарди евра во AI центар во Финска

- Advertisement -

Францускиот стартап за вештачка интелигенција Sesterce ќе инвестира повеќе од десет милијарди евра во голем центар за вештачка интелигенција и центри за податоци во Финска. Како дел од инвестицијата, во градот Јамса, на локацијата на поранешна фабрика за хартија, ќе се развива инфраструктура за вештачка интелигенција, соопшти Sesterce во изјава за јавноста.

Компанијата за француската новинска агенција АФП појасни дека работата е веќе започната и дека се очекува кампусот за вештачка интелигенција да започне со работа следната година.

- Advertisement -

Sesterce развива и две други локации надвор од Финска, каде што ќе бидат сместени суперкомпјутери и центри за податоци што други компании ќе можат да ги користат за извршување апликации со вештачка интелигенција.

Пред еден месецмамериканскиот технолошки гигант Google објави дека во текот на следните две години ќе инвестира најмалку 13 милијарди евра во инфраструктура за вештачка интелигенција во Финска, што би претставувало најголема инвестиција на Google во Европа досега.

- Advertisement -

Инвестицијата опфаќа центри за податоци и придружна инфраструктура, како и партнерства во општините Хамина, Кајани, Мухос и Ваала.

Сепак, финската надзорна агенција LVV оваа недела побара од компанијата Tuike Finland, која го застапува Google во овој проект, да ја запре работата во градовите Мухос и Кајани, откако беше утврдено дека сè уште не се спроведени потребните проценки за влијанието врз животната средина.

- Advertisement -

(SEEBiz.eu)

(фото: Pexels/ Igovar Igovar)

- Advertisement -