ФБИ откри како севернокорејските хакери ја нападнаа крипто-платформата Binance

- Advertisement -

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) доцна во саботата соопшти дека Северна Кореја стои зад хакерски напад во кој од берзата за криптовалути Binance биле украдени дигитални средства во вредност од 6,3 милијарди долари. ФБИ ги идентификуваше севернокорејските хакери, кои припаѓаат на групата TraderTraitor, како одговорни за нападот.

Компанијата за блокчејн-аналитика TRM Labs претходно го припиша нападот на истата група. Според TRM, напаѓачите го префрлиле најголемиот дел од сумата од 6,3 милијарди долари во рок од 20 минути, очигледно во обид да спречат замрзнување на средствата.

- Advertisement -

Од ФБИ наведоа дека забележале како членовите на TraderTraitor ги конвертираат украдените средства, првенствено во криптовалутата Ethereum.

„Се очекува овие средства дополнително да се ’перат‘ преку конверзија преку DeFi (децентрализирани финансии) протоколи и услуги за инстант размена на криптовалути, додека ги подготвуваат за следните фази од перењето пари“, соопштија од ФБИ.

- Advertisement -

Во саботата берзата за криптовалути Binance објави дека успеала да покрие 90 отсто од средствата украдени во нападот. Останатите 10 отсто се состојат од токени со помала ликвидност, што значи дека може да биде потребно повеќе време за нивно повраќање во потребните износи, појаснија од компанијата во изјава објавена на социјалната мрежа X.

„Binance ќе го преземе врз себе финансискиот товар од украдените средства – а не нашите корисници“, додадоа од берзата. Се верува дека ова е најголемата кражба на криптовалути досега.

- Advertisement -

Меѓу украдените средства се биткоин, етериум и „стабилни монети“ (stablecoins), како што се Tether и USD Coin, чија вредност е врзана за традиционалните валути.

(SEEBiz.eu)

(фото: Pexels/Rafael Minguet Delgado)

- Advertisement -