Eкономскo вклучување на младите Ромки во општина Кичево

- Advertisement -

Здружението на бизнис жени во рамки на проектот Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи “, финансиран од Европската Унија преку програмата ИПА – Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2014, заедно со локалната граѓанска организација „Преродба“ од Кичево, започнува заеднички подпроект „Економска инклузија на младите ромки во општина Кичево“, со кој се очекува јакнење на проектната приоритетна област – интегрирање на претприемачи од немнозински етнички заедници во програми за поддршка и вмрежување.

Во активностите ќе бидат вклучени учеснички од општина Кичево и околината, млади жени ромки, од урбано и рурално подрачје, со различна образовна структура и возраст, невработени и вработени, самовработени или со бизнис идеја за започнување на сопствен бизнис.

- Advertisement -

Првата активност започна минатата недела, во четвртокот на 13ти април, со воведно истражување преку организирана фокус група со младите жени ромки, во присуство на пратставници од Општина Кичево и медиумите, и секако од Здружението на бизнис жени и Здружението за развој и интеграција на млади роми и ромки „ПРЕРОДБА“. Преку ова квантитативно и квалитативно истражување, ќе се добијат првични информации и перцепција за состојбата на младите ромки од општина Кичево, препреките и предизвиците со кои се соочуваат, за соодветно да се конципираат обуки и работилници за надминување на воочените проблеми, но и за формирање на ставот во дијалогот со институциите, бизнис заедницата и ГО за понатамошна заедничка соработка и поддршка на младите ромки за самовработување и претприемништво.

Податоците од ова истражување преку одржана фокус група се неопходни и ќе бидат искористени при согледувањето на реалните состојби, како и за квалитетно содржинско планирање на следните активности во рамки на проектот.

- Advertisement -

http://www.inovativnost.mk/ekonomski-vklucuvanje-na-mladite-romki-vo-opstina-kicevo/

Сподели!
- Advertisement -