Американскиот бренд Nordstrom отвора продавница во која нема да има роба

- Advertisement -

Nordstrom му дава ново значење на поимот физичка продавница. Во својот најнов експеримент во новата продавница нема поставено ни рафтови ни облека. Просечната продавница на брендот со површина од 13.000 метри квадратни е намалена на само околу 280. Наместо да пребарувате по рафтови и закачалки во Nordstrom Local купувате онлајн, но наместо тоа да го правите сами преку телефон или компјутер, имате цела армија лични стилисти и стол за маникир само за вас.

Концепт продавницата ќе биде отворена на 3 октомври во Вест Холивуд, Лос Анџелес. Продавницата е смел чекор напред кон прифаќање на навиките за купување онлајн. Според некои истражувања, се очекува процентот на е-купување кај луксузните женски брендови да се зголеми од 3% на дури 17% идната година. Но, и покрај оваа промена на навиките на купувачите, компаниите како Nordstrom сакаат да се издвојат себеси со одлично корисничко искуство.

- Advertisement -

Во концепт продавницата експерти стилисти ќе им помагаат на купувачите да не се чувствуваат преплавени со избори и на крајот да не изберат ништо. Избраната облека ќе ви биде доставена истиот ден, па можете да почекате стилистите да ви кажат што ви одговара да си купите и да почекате да ви ја донесат облеката од друга продавница. Додека чекате, ќе ве послужат со чаша вино или пиво, а можете и да добиете бесплатен маникир.

(PSFK)

Сподели!
- Advertisement -