-1.2 C
Skopje
четврток, декември 2, 2021

Вештачка интелигенција тема на Сеавус Code Talks

Kabtel desktop

Денес, 26 септември, вторник, по четврти пат ќе се одржи Сеавус CodeTalks во Скопје. Настанот ќе се одржи во Сити Хол со почеток во 18 часот, а влезот е слободен

Оваа година тема на настанот ќе биде „Вештачка интелигенција“, а ќе зборуваат двајца експерти од Сеавус.
„From bit to Artilect” е темата на која ќе зборува Александар Размовски, Senior Business Intelligence Analyst. „Способност за учење, разбирање или снаоѓање во нови или непознати ситуации или причини, потреби и последици од појавата на новата интелигенција“ е краткото сиже на она што за што денес ќе зборува Александар.

Втора тема ќе биде „Вештачка интелигенција – технологија – каде сме денес“, на која ќе зборува Милан Стојковиќ, софтверски инженер. „Ќе зборувам за концептот на ВИ асистент. Односно, како со комбинација на модерни техники ВИ асистентот може да се справи со документирање на состаноци“, изјави Милан.

После презентациите ќе има панел и дискусија на која ќе учествуваат повеќе експерти од Сеавус.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!