0.2 C
Skopje
понеделник, декември 16, 2019

Скопскиот аеродром може да нуди трансатлантски летови наскоро

Kabtel desktop

ТАВ: Аеродромот во Скопје е оперативно способен да се справи со трансатлантските летови

Од скопскиот аеродром Александар Велики изјавуваат дека се подготвени да дадат „најголема поддршка“ за авиокомпанијата која ќе понуди трансатлантски летови од македонскиот главен град.

Изјавата доаѓа по разговорите претходно годинава помеѓу македонската влада, ТАВ и Туркиш ерлајнс во врска со можните услуги на Туркиш ерлајнс од аеродромот Александар Велики до САД и Канада.

„Како ТАВ аеродром, ние сме активно вклучени во промовирање на аеродромите во Скопје и Охрид во различни области со цел да се привлечат нови авиокомпании и да се прошири мрежата на летови и бројот на патници. Секогаш сме во блиски односи со авиокомпаниите кои се наши клиенти, а ова е случај и во Македонија и подготвени сме да обезбедиме најголема поддршка на превозникот кој ќе ја разгледа можноста да започне со трансатлантски летови од Скопје. Аеродромот во Скопје е оперативно способен да се справи со трансатлантските летови и е подготвен за поддршка на превозници кои ќе ја разгледаат можноста.”, изјавил генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој.

Ерсој истакнал дека воспоставувањето на трансатлантски услуги носи одредени ризици.

„Пред сè, потребна е голема патничка база со доволна побарувачка за да се обезбедат трансатлантски летови од која било дестинација. Македонија е релативно мала земја но постои дијаспора од околу 200.000 Македонци во САД и Канада. Ризикот овде е тоа што дијаспората не е концентрирана во еден град или регион таму, што ја прави побарувачката уште потешка за приспособување на редовен лет со 300 седишта.“, додал Ерсој.

Сепак, аеродромот во Скопје смета дека услугите кон САД или Канада би можеле да одговорат на потребите на целиот балкански регион и да доведат до подобра поврзаност меѓу македонскиот главен град и остатокот од регионот.

„Балканскиот регион сè уште е во подредена ситуација која се работи за поврзување со САД и Канада. Ако Скопје успее да понуди прекуокеански лет во иднина, тоа ќе биде од корист за целиот Балкан бидејќи аеродромот ќе привлече голем број патници од околните земји.“, заклучил Ерсој.

Минатата година повеќе од 40.000 патници од Скопје патувале до северноамерикански дестинации при тоа  правејќи барем еден трансфер на друг аеродром.

(EX-YU Aviation News)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •