4 C
Skopje
недела, април 11, 2021

Конференцијата Change во Загреб ќе донесе предавачи од Google, Oracle, PayPal

Kabtel desktop

На 21 октомври годинава во просториите на фабриката за чоколади Kraš во Загреб ќе се одржи второто издание на софтверската конференција Change посветена на enterprise решенија. На конферецнијата се најавени повеќе од 25 предавачи и 50% повеќе содржини од минатогодишната. Ова е конференција за девелопери посветена на девелопери. Минатогодипната конференција предизвика огромен интерес – се бараа околу 400 влезници, а бројот на протстор беше ограничен на 370.

Годинашното издание ќе биде исклучиво технолошко. За keynote предавањето ќе се погрижи Едсон Јаанага од Red Hut, а ќе зборува за комбинацијата на микросервиси и DevOps.Освен него, од звучните имиња ќе зборува Мет Атамела од Google, кој ќе одржи фантастично предавање на тема „Containers, Kubernetes & Google Cloud“, Геертјан Виленг од Oracle, кој ќе одржи предавање за JavaScript од аспект на Java  девелоперите, како и предавачи од Microsoft, PayPal и бројни други светски компании.

Во пресрет на самата конференција најавена е дводневна работилница Management 3.0, на која ќе се зборува за методологиите, праксите и стандардите. Ако се суди по минатогодишната конфенреција, и за оваа ќе се бараат повеќе билети за да се слушнат светски искуства за микросервисни платформи или машинско учење од врвни предавачи.

(Netokracija)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •