10 одлични совети за оние кои работат од дома

- Advertisement -

Работењето од дома може да биде супер, но исто така може да ви донесе доста предизвици. За среќа, добрите навики можат да ви помогнат при справувањето со предизвиците

Една од позитивните работи поради кои многу луѓе одлучуваат да најдат работа која ќе ја работат од дома е да се биде „главен“ за задачите и времето кое ќе го минувате работејќи. Меѓутоа дома можете да имате многу дистракции, а начинот на кој ќе се справите со нив може директно да ви се одрази финансиски.

Но доколку воспоставите добри навики, тоа ќе направи разлика. Еве кои навики биле препорачани од неколку претприемачи околу продуктивноста, фокусот и балансираната работа кога работите од дома.

- Advertisement -
  1. Создадете константно работно катче – најдете си место во домот кое ќе биде оддалечено од оние работи што би можеле да ви го одземаат вниманието односно оддалечено од, пример, кујната каде би ги гледале гадните садови или пак гадната облека кои можат да ви бидат дистракција при првото мало колебање дали да направите пауза од работата. Одредете си време кое ќе го минувате во работното катче и придржувајте се до него.
  2. Облечете се – ова можеби не ви звучи важно, но колку од вас поминале одредено време работејќи од дома во пижами? Сите сме го правеле ова! Супер е кога можете да работите во облеката која ви е најкомотна, но облекувањето и подготвувањето наутро прави голема разлика кога се работи за продуктивноста. Ве потсетува дека иако сте дома, вие всушност сте на работа.
  3. Одредете си го времето во кое навистина ќе работите – најверојатно можеме да си завршиме одредена работна обврска во пократко време отколку што си одредуваме и наш е изборот дали ќе си дадеме повеќе време за завршување на таа задача. Кога го имате изборот да завршите задача во два или во пет часа, можете да се мотивирате да ја завршите задачата пред да дојде време за ручек.
  4. Создадете граници и кажувајте „не“ – останете дисциплинирани и кажувајте „не“ во ситуации кога други се обидуваат да ви го организираат денот. Да се постават граници во вакви случаи е клучно за работењето од дома.
  5. Избегнувајте ги дистракциите – исклучете го телевизорот и избегнувајте ги социјалните медиуми за да останете фокусирани. Доколку сакате да го проверувате вашиот профил на социјалните мрежи, поставете си одредено време за тоа и не ги вклучувајте пред да дојде тоа време.
  6. Користете ја Pomodoro техниката – ова е одличен начин да се остане фокусиран и продуктивен. Целта е да се завршуваат задачите во кратко време односно интервали кои се одделени со кратки паузи. Техниката е едноставна, потребен ви е само тајмер. Исто така постојат и неколку апликации кои можат да ви помогнат при користењето на техникава. Долгорочно техниката ќе ви помогне да бидете поефикасни и поконцентрирани.
  7. Будете се рано – ова е можеби најдобрата навика која може да ја стекнете бидејќи доколку се будите рано наутро, ќе можете да остварувате резултати на повисоко ниво. Наутро секој е најмногу продуктивен. Исто така, доколку заглавите со одредена задача, пред себе го имате целиот работен ден за да ја завршите.
  8. Излегувајте од дома – не останувајте затворени дома со компјутерот секој ден. Минувајте барем еден работен ден во неделата надвор од дома. Можете да отидете во библиотека, во coworking простор или во парк, а при тоа можеби ќе запознаете и останати луѓе чија работа е од дома, па ќе споделите меѓусебни импресии.
  9. Планирајте си го денот – ова обично оди рака под рака со будењето рано. Веднаш откако ќе се разбудите, направете си листа од најважните задачи кои сакате да ги завршите во тековниот ден. Доколку се обидувате да завршите милион обврски во денот, ќе заглавите. Одберете ги најважните три работи и поставете ги како приоритети. Можете да користите календар на компјутерот или паметниот телефон или пак да запишувате во физичка агенда.
  10. Набавете си добри слушалки – кој не сака да слуша добра музика додека работи? Слушањето музика додека работите може да ви помогне да останете фокусирани, среќни и креативни. Работата побргу се завршува со добар „саундтрак“ во позадина.

(Thrive Global)

Сподели!
- Advertisement -