Dacia е најдобра компанија во југоисточна Европа за 2016

- Advertisement -

Романскиот производител на автомобили Automobile Dacia, единица на францускиот Renault, ја задржа својата позиција како најдобра компанија во југоисточна Европа во однос на вкупниот приход за 2016 година.

Рангирањето SEE TOP 100 го објави новинската агенција SeeNews во вторникот и ги опфаќа компаниите регистрирани во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија и Словенија.

Dacia го зголеми својот приход за 8% на 4,619 милијарди евра во 2016 година и ја зголеми својата нето-добивка до 100,5 милиони евра од 99 милиони евра од една година претходно, заземајќи водечка позиција на листата.

- Advertisement -

Производителот на автомобили води во рангирањето веќе трета година по ред. Растечката домашна побарувачка во услови на историски ниска инфлација и зголемување на приватни инвестиции и вработување, продолжија да го поттикнуваат економскиот раст во југоисточна Европа во 2016 година.

Компаниите од Романија, најголемата и најдобрата економија во регионот, доминираат на сите ранг листи. Романија има 59 претставници во листата на SEE TOP 100, додека пак претходната година имале 55.

- Advertisement -

Во извештајот на SEE TOP 100 се вклучени и рангирањата на најголемите банки и осигурителни компании во регионот, на кои водечка позиција заземаа романската Banca Comerciala Romana и словенечката осигурителна компанија Zavarovalnica Triglav.

Banca Comerciala Romana се искачи на врвот на листата на најголемите банки во регионот, наспроти 7,75% зголемување на активата на 14,1 милијарди евра. Нејзиниот нето-профит, сепак, падна на 195,1 милиони евра од 212,9 милиони евра.

- Advertisement -

Словенечката Zavarovalnica Triglav се одржа на позицијата најголемата осигурителна компанија во регионот во 2016 година со раст на бруто премиите на полиси пораснаа за 1,17% на 593,1 милиони евра.

(SEE News)

Сподели!
- Advertisement -