Јапонската Soft Bank инвестира 100 милијарди долари во технолошки компании

- Advertisement -

Групацијата SoftBank е една од најголемите јапонски компании и на чело на компанијата е најбогатиот човек во Јапонија. Сега оваа организација инвестира 100 милијарди долари со цел да им овозможи на технолошките компании да ја финансираат нивната потреба да ја движат револуцијата на информациите. Овие средства компанијата планира да ги инвестира во периодот до 2022 година и тоа во проекти кои технологијата ја користат за подобрување на човештвото.

SoftBank Vision Fund е проект на Масајоши Сон, извершниот директор на компанијата и воедно најбогат човек во Јапонија. Сон ги знае и ризиците и предностите на инвестирањето во технологија – тој изгуби околу 70 милијарди долари од личното богатство при пукањето на дот-ком балонот во 2000-тите години.

- Advertisement -

SoftBank не е сама во овој амбициозен потфат. Досега се собрани 93 милијарди долари од ветените 100 милијарди за SoftBank Vision Fund, а остатокот се очекува да биде собран до крајот на 2017 година. Од таа сума 60 милијарди долари се од Средниот Исток, 45 милијарди долари се од Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија, а 15 милијарди долари се од Mubadala Investment Company од Абу Даби. Аpple, Foxconn, Oracle, Qualcomm и Sharp исто така инвестираа во фондот.

Што се однесува на тоа каде ќе одат парите, ЅoftBank веќе има неколку идеи. Во јули годинава тие донираа пари за Brain Corp од Сан Диего, стартап компанија која е специјализирана за опремување на рачните машини со технологија која ги трансформира во автономни роботи кои безбедно можат да се движат без управување од луѓе.  Подоцна истиот месец SoftBank Vision Fund инвестираше 200 милиони долари во компанијата Plenty, која сегашното земјоделство сака да го револуционизира и посевите да се одгледуваат вертикално.

- Advertisement -

Во август следуваа уште неколку инвестиции. SoftBank Vision Fund покрива многу различни индустрии и мнгоу форми на технологија. Сепак, двете главни теми кои се забележуваат кај инвестициите се проекти кои работат на видливо подобрување на животот на луѓето и идеи кои ќе ја почнат следната фаза од револуцијата на информациите.

(World Economic Forum)

Сподели!
- Advertisement -