14.8 C
Skopje
среда, ноември 20, 2019

Официјално претставен новиот BlackBerry

Kabtel desktop

Првите гласини за новиот телефон на BlackBerry се појавија минатата недела, а вчера официјално беше претставен новиот телефон со логото на некогаш славната и доминантна компанија на пазарот за мобилни телефони. Како што е познато, BlackBerry повеќе не произведува телефони, туку компанијата се фокусираше на безбедносен сосфтвер и сервиси, додека лиценцата за производство и продсжба на телефони со нивното лого ја купи кинеската компанија TCL.

Телефонот BlackBerry Motion доаѓа со бројни слични опции како и постојниот модел KEYone, а најголемата разлика е во тоа што KEYone има хардверска тастатура, додека новиот уред има само екран осетлив на допир. Хадрверски, станува збор за модел од средна категрија кој има процесор Snapdragon 625, 4GB RAM, 32GB меморија за меморирање податоци и камера со реолуција од 12MP. Што се однесува на екранот, тој е со големина од 5,5 инчи со сензор за отпечаток на прсти, водоотпорен е и има батерија од 4.000 mAh.

BlackBerry Motion доаѓа со прилагодена верзија на Android 7.1. За почеток ќе се продава само на пазарот во некои земји од Блискиот Исток по цена од 460 долари, а дополнително може да се појави и на пазарите во други земји.

(Zimo)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •