Црна Гора има дури 48 милионери

- Advertisement -

Црна Гора има 48 милионери, а најбогатиот од нив има 38,5 милиони евра на сметка во земјата, соопштија од Централната банка на Црна Гора. Според податоците на банката, на крајот на август годинава 48 жители на Црна Гора имале депозити од милион или повеќе евра во банка.

„Според последните расположливи податоци доставени од банките кои се однесуваат на најголемите депоненти, најголемиот поединечен депозит на граѓани во банкарскиот систем изнесува 38,5 милиони евра“ велат од Централната банка.

- Advertisement -

Сметката во банка на најбогатиот граѓанин е за околу 10 милиони евра помала од најголемиот депозит на компанија во Црна Гора – 47,2 милиони евра. Во Црна Гора има шест милионери помалку во однос на февруари годинава, но богатството на најбогатиот жител се зголемило за речиси три пати – од 13,7 на 38,5 милиони евра. Законот не дозволува објавување на лични податоци на сопствениците на сметките, па не е познато кои се сопственици на најголемите сметки во Црна Гора.

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -