Во Велика Британија поставија пловечка корпа за ѓубре која го вшмукува отпадот од водите. Корпата се вика Seabin и дневно може да собере до 1,5 килограми ѓубре или околу 83.000 пластични кеси или 20.000 пластични шишиња годишно. Може да собере до 12 килограми ѓубре пред да мора да се испразни. Поставена е во близина на Портсмут и е првата ваква комерцијална корпа во светот.
Корпата ја направи поранешниот дизајнер Питер Цеглински, кој сега е извршен директор на проектот Seabin. На дното на корпата е поставена пумпа која ја вшмукува водата низ корпата, а филтерот го задржува ѓубрето и ја испушта водата. Во корпата останува секакво ѓубре – од големи парчиња пластика, кеси, микропластика, до ситни делови колку глава на кибрит и нафта.
Корпите се мали, но навистина ефикасни. Доколку се постават стотина или илјада вакви корпи, веднаш ќе се забележи разлика во количината ѓубре во водите. Според една студија од 2015 година, годишно во океаните завршуваат 8 милиони тони пластика, од која најголем дел доаѓа од копното.