Миодраг Костиќ го купува Меркатор во Србија?!

- Advertisement -

Српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ, кој што во Словенија инвестираше во недвижнини, туризам и банкарство, е заинтересиран да го купи малопродажниот ланец “Меркатор С“.

“Меркатор С“ е дел од малопродажниот синџир „Агрокор“ во Србија, клучна команија кој во оваа земја функционира во рамки на словенечки „Меркатор“, пишува словенечкиот портал “Siol”.

Повикувајќи се на неименувани извори, порталот пишува  дека Костиќ во последните неколку недели ги откупил побарувањата кои австриски и италијански ги имаат кон Меркатор во вредност од околу 28 милиони евра.

- Advertisement -

При крај се неговите преговори со конзорциумот банки кои на Меркатор му дале кредит  за купување на уште 14 милиони евра побарувања кон “Меркатор“, тврди овој портал.

Првата инвестија на Костиќ во Словенија беше купувањето на  хотелот „Кемпински“ во Порторож за 24 милиони евра во 2015 година. Тој е еден од мнозинските акционери во „Горењска банка“ во која сака да стане и доминантен акционер преку откуп на удел од словенечки фондови.

Сподели!
- Advertisement -