19 C
Skopje
петок, мај 7, 2021

EasyJet планира електрични авиони во својата флота за десетина година

Kabtel desktop

Британската авиокомпанија EasyJet планира да набави електрични авиони кои ќе работат на батерии во наредните десетина година, а истите ќе бидат наменети за кратките летови

Ова значи дека летовите на дестинации како Њуjорк – Бостон или Лондон – Париз би можеле да се одвиваат без користење на фосилни горива. Батериите за авионите ќе бидат произведени од Wright Electric, тим од инженери кои специјализираат во полето на воздухопловната наука, експерти за електрични батерии и хемичари кои веќе имаат искуство со работа за Nasa, Boeing и Cessna.

Дизајнот ќе овозможи авионите да бидат 50% потивки и 10% поевтини за авиокомпаниите.

Долгорочната цел на EasyJet е во рок од дваесет години сите летови кои ги нудат за кратки дестинации да бидат со електрични авиони.

„За првпат во мојата кариера можам да замислам иднина без горивото за авиони и возбудени сме што токму ние сме дел од таа иднина. Веќе е прашање на време, а не дали воопшто ќе се оствари вакво нешто.“, изјави Каролин Меккол, извршниот директор на EasyJet.

На глобално ниво, авионската индустрија е одговорна за 2% од емисиите на стакленички гасови. Како што се зголемува побарувачката за авионско патување, може да дојде и до тројно зголемување на овој процент правејќи ја индустријата најбрзорастечкиот извор на стакленичи гасови во светот.

Иако оваа индустрија има најголемо негативно влијание по ова прашање, малку е направено за да се подобри ситуацијата за разлика од енергетските плантажи и автомобилската индустрија кои веќе започнаа со значајни чекори со цел намалување на емисиите на штетни гасови.

ОН веќе донесе сет на правила кои би требало да бидат почитувани од авио превозниците, а истите бараат 4% намалување на потрошувачката на гориво до 2028 година. Дополнително, стандардите за производство на нови авиони ќе бидат построги после 2023 година.

(Global Citizen)

 

 

 

 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •