2 C
Skopje
понеделник, декември 9, 2019

Ова се најскапите чевли во светот

Kabtel desktop

Веруваме дека ни во најлудите сништа не би можеле да претпоставите колку чинат најскапите чевли во светот, а ни да замислите како изгледаат.

Раскошните чевли кои ги осмисли британската дизајнерка Деби Вингам чинат фантастични 15 милиони долари и ја носат титулата најскапи обувки во светот.

Цената е „оправдана“ со тоа што високите потпетици се обложени со многу ретки големи и изразено розови и сини дијаманти, но и со бели скапоцени камења.

Внатрешноста на чевлите е проткаена со златни нишки, а цветовите од јасмин на нив исто така се направени од кожа. Оваа британска дизајнерка се специјализираше за креации кои рушат рекорди поради своите вртоглави цени.

(Bizlife)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •