Девет бесплатни апликации за мали бизниси

- Advertisement -

Кога стартувате мала компанија ќе видите дека цената на квалификуваните работници од секоја сфера не се ни малку ниски. Но, благодарение на подемот на пазарот за апликации, решенијата ви се на дофат на рака. Буквално.

Иако технологијата не може да ги замени луѓето, сигурно може да ви го олесни товарот на работата. Со аутсорсирање на потребите на бизнисот преку апликации не само што ќе заштедите на време за да се фокусирате на приоритетите туку ќе заштедите пари кои би ги потрошиле за плати.

- Advertisement -

И на Google Play и на Apple App Store има повеќе од 2 милиони различни апликации, од кои илјадници се апликации за бизниси. Со оглед на просечната плата која би му ја давале на еден вработен, сумата која би ја заштедиле е доволно голема за да се одлучите за апликациите.

Еве девет апликации кои сајтот Inc.com ги предлага за да ви помогнат да си ја завршите работата, да си го олесните стресот и да си го развивате бизнисот.

- Advertisement -

1. Sage Expenses & Invoices Веројатно сте го стартувале бизнисот поради љубовта кон вашата индустрија, а не поради љубовта кон документацијата. Ѕage Expenses & Invoices е бесплатна апликација дизајнирана токму за мали бизниси кои се на старт од своето патување со цел во реално време да се следат трошоците и трансакциите. Апликацијата не го содржи сметководствениот жаргон кој многумина не го разбираат и се е едноставно, плус нема документи и се се зачувува во облак. Како што ви расте бизнисот, апликацијата Sage One е на наредно ниво и ви помага со фактури, сметководство и проток на средства.

2. Eventbrite Organizer Eventbrite  е платформа за организирање настани, па логично е да се креира апликација за да се зголеми мобилноста на нивната страница. Eventbrite Organizer ви овозможува да следите попусти на билети, да чекирате гости и да следите посетеност. Исто така, ви овозможува да продавате билети и производи онлајн на самата апликација. Најдоброто е тоа што апликацијата е бесплатна.

- Advertisement -

3. Square Знаете како изгледаат апаратите за читање платежни картички. Апликацијата Square е добра и за мали и за големи бизниси, а неодамна компанијата креираше POS апликација за палопродажба.

4. Slack Ова е професионална верзија на Facebook Messenger. Апликацијата ви овозможува сите ваши вработени постојано да бидат конектирани едни со други. За една симболична сума од само 7 долари по корисник можете да вршите и конференциски повици, да ја зачувате историјата на сите пораки и да додадете 10 GB или повеќе меморија по корисник.

5. Genius Scan Доколку ви треба дигитална копија од некој битен документ Genius Scan навистина го поедноставува процесот. Преку бесплатната апликација можете да направите фотографија од документот и автоматски да ја претворите во JPEG или PDF. Потоа можете да ги испратите или да ги зачувате на телефон.

6. UNUM Instagram е најчесто користената алатка за визуелно раскажување приказни. Со UNUM стратешки ќе ги планирате постовите со организирање на профилот. Освен тоа, апликацијата ви овозможува основна аналитика, односно покажува во кое време од денот и кои денови имате најголема посетеност на содржините.

7. Canva Графичките дизајнери се навистина многу платени и не можете да си ги дозволите, но затоа основната верзија на Canva е бесплатна. За да креирате графика за постови или мали кампањи можете да ја искористите базата со фотографии и фонтови на Canva. Со Canva може да се креираат дизајни и за печатена и онлајн употреба.

8. Google AdWords Google AdWords ви овозможува да ги следите кампањите, да го прилагодите буџетот за кампањата, да ги видите статистиките за кампањата како на пример импресиите и кликовите, да ја смените кампањата со помош на предлози од AdWords итн. Ова е производ на Google и ќе уживате во едноставниот интерфејс.

9. Deliveries Deliveries ви помага да ги следите сите пратки. Ова е многу битна алатка за следење на масовни пратки од секаков вид. Апликацијата ви ги одбројува деновите до достава, детален извештај за транспортот и интерактивна мапа за секогаш да знаете каде се пратките.

Сподели!
- Advertisement -