-7.2 C
Skopje
четврток, јануари 20, 2022

Македонија е на листата земји во светот каде најлесно се води бизнис!

Kabtel desktop

Во годинашниот извештај Ease of Doing Business на Светска банка рангирањето на леснотијата со која се води бизнис во секоја земја се врши според 11 индикатори, а вклучени се 190 земји од целиот свет. Од топ 20 економии на листата 14 се земји на ОЕЦД со високи примања

Сепак, има и многу земји кои спроведуваат значителни реформи. Индија, на пример, е меѓу 10-те земји со најголем напредок оваа година, иако се уште е на 100-та позиција. Еве кои се топ 12 економии каде што е најлесно да се води бизнис.

12. Естонија

Естонија е на истата позиција како лани. Најдобро е рангирана по регистрирањето имот, за што се потребни 17,5 дена, а чини само 0,5% од вредноста на имотот, а за стартување бизнис се потребни од 3 до 5 дена.

11. Македонија

Македонија забележа пад од 10-то место лани. Ние сме на второ место по бројот на спроведени реформи од земјите во топ 20. Меѓу реформите е значителното намалување на процедурите потребни за да се изградат складишта. Исто така, имаме и особено висока оценка за заштитата на малциснктие инвеститори.

10. Шведска

И Шведска забележа пад од едно место во споредба со лани. Земјата има достапни многу информации за сопственоста, вклучувајќи и онлајн систем кој секому му овозможуба да пристапи до тие информации и мапи кои датираат од дури пред 400 години. За да се стартува бизнис, потребни се од 7 до 10 дена.

9. Грузија

Грузија забележа скок од 17-то место минатата година, а има имплементирано најголем број реформи од земјите во топ 20. Годинава Грузија значително ја зголеми леснотијата за справување со неликвидност, пристапот до електрицитет како и леснотијата со која малциснките инвеститори можат да ги тужат директорите.

8. Норвешка

Годинава Норвешка забележа пад од две места. Земјата ги намали даночните стапки за данокот на приход. Исто така, особено добро се рангира според леснотијата со која се решава проблемот со лениквидност.

7. Обединето Кралство

Обедиенетото Кралство си го задржа истото место како лани. Сепак, земјата падна од 20-то на 29-то место по леснотијата за добивање кредит, и од 10-то на 23-то место по леснотијата за плаќање даноци.

6. САД

САД забележаа скок од 2 места. Ја подобрија пазарната регулација и утврдија максимум од 6 дена платено боледување годишно. На трето место се според леснотијата со која се решава неликвидноста, а информациите за сопствеништво се достапни бесплатно за секого.

5. Хонгконг

Хонгконг падна ос 4-то на 5-то место бидејќи го поскапе стартувањето бизнис и воведе нова такса за регистрирање фирма. Сепак, го подобри квалитетот на системот за администрација со имот.

4. Кореја

Кореја скокна од 5-то на 4-то место. Има одлични оценки за спроведувањето договори, пристапот до електрицитет и стартувањето бизнис.

3. Данска

Данска си ја задржа минатогодишната позиција, иако ги поскапе дозволите за градење и добивањето вода и приклучувањето на канализациски систем.

2. Сингапур

И Сингапур си ја задржа втората позиција. Годинава го промени законот за компании за сопствеништвото да биде потранспарентно, а од локалните и од странските компании регистрирани во Сингапур бара информациите за сопственоста да ги направат јавни по потреба.

1. Нов Зеланд

Нов Зеланд и годинава како лани е лидер на листата. Заедно со уште 16 економии на листата го реформираше плаќањето даноци и воведе системи за плаќање онлајн. Земјата има одлична регулатива за градење, а сите релевантни информации можат да се најдат на страниците на министерствата.  Нов Зеланд е на прво емсто и по времето потребноз а стартување бизнис – половина ден.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!