Фондот за иновации денес одржа инфо сесија за О2 предизвикот во Штип

- Advertisement -

Фондот за иновации и технолошки развој овој период го промовира О2 предизвикот односно јавниот повик за финансирање на проекти за намалување на загаденоста на воздухот преку инфо сесии во четири града во Македонија.

Минатата недела се одржа првата инфо сесија во Тетово, а оваа недела се одржуваат инфо сесиите во Штип и Битола. Денешната инфо сесија во Штип се одржа во соработка со Центар за развој на источен плански регион на Македонија, Општина Штип и Регионалната стопанска комора.

- Advertisement -

Инфо сесиите се наменети за заинтересираните микро, мали и средни претпријатија, претставници од факултетите и невладиниот сектор кои можат да се јават како нивни партнери, кои имаат идеја за проект со кој би придонеле кон намалување на загадувањето на воздухот.

На инфо сесиите се презентираат условите за пријавување на О2 предизвикот. Преку повикот ќе се финансира пилот иновативен производ, услуга, процес или методологија со која ќе се намали загадувањето на воздухот, а достапни се скоро 100.000 евра за финансирање на проектите.

- Advertisement -

О2 предизвикот ќе поддржи проекти во следниве области:

  • Користење на енергија за греење: решенија со кои се намалуваат емисиите на загадувачки супстанци кои се резултат на греењето во домаќинствата и/или индустриските погони;
  • Транспорт и мобилност: решенија со кои се намалуваат емисиите на загадувачки супстанци предизвикани од сообраќајот и/или
  • Градежништво и урбани алтернативи: решенија со кои се намалува загадувањето предизвикано од градежната експанзија

Повикот е отворен до 30.11.2017 година, до 23:59 часот.

Сподели!
- Advertisement -