7 важни животни лекции кои секој од нас ги учи на потешкиот начин

- Advertisement -

Како што повозрасните секогаш им велат на помладите, искуството е најдобриот учител. Но, доколку можете да научите некоја животна лекција без сами да минувате низ тешкотиите или ако можете да научите од искуството на други, уште подобро 

Еве седум такви лекции кои би било добро да не мора да ги учите на потешкиот начин.

1. Неуспехот не е фатален, а успехот не е финален

- Advertisement -

Постои една изрека која многумина му ја препишуваат на Винстон Черчил и гласи: „Поразот не е фатален, победата не е финална. Она што е важно е храброста.“ Успехот може да биде константен, а лекцијата сте ја научиле доколку успеете да сурфате на брановите без да паднете.

2. Она што ве уназадува е мислата дека постои нешто што ве уназадува

- Advertisement -

Каење, бес, злопамтење – овие нешта ќе ви ја потиснат енергијата и ќе ве задржуваат да не се движите напред. Ослободете се од овие чувства и ќе го почувствувате потенцијалот на убавите нешта кои ви претстојат.

3. “Nothing is impossible – the word itself says I’m possible”

- Advertisement -

Оваа позната изрека на Одри Хепберн нѐ потсетува дека треба да останеме позитивни и полни со надеж – што и не е најлеснат задача кога светот околу нас изобилува со песимизам и сомнежи. Но верувајте во вашите способности и имајте доверба во вашиот успех.

4. Патот до успехот и патот до неуспехот е ист

Можеби ви изгледа дека патот по кој чекорите е неугоден и ризичен додека на другите околу вас им е полесно, но секој минува низ пречки и сомнежи. Не можеме секогаш да го контролираме нашиот пат, но изборот кој го правиме додека чекориме по него игра голема улога во тоа колку далеку ќе отидеме.

5. Успехот е точката каде што се среќаваат подготвеноста и можностите

Доколку чекате неко друг да ви ги заврши работите, ќе чекате засекогаш. Секое добро нешто што ќе се случи, треба да се случи бидејќи вие сте го овозможиле тоа. Искуствата и можностите не доаѓаат туку така, вие морате да се потрудите да се случат.

6. Ако не сте спремни да го ризикувате вообичаеното, ќе мора да се задоволите со обичното

Преземањето ризици покажува самодоверба – што значи дека сте подготвени да учите. Лекциите со кои ќе тргнете можат да ве однесат на нов пат кој ќе ви биде важен. Освен ако не сте неверојатно среќни, успехот нема да ви падне од небо – мора да го бркате. Нема да ги остварите вашите соништа доколку играте на сигурно. Најголемиот ризик е да не се преземаат ризици воопшто.

7. Не дозволувајте стравот од загуба да биде поголем од задоволството од победа

Едноставно е и секој ќе ви каже дека возбудата и задоволството од победа е многу поубаво чувство од стравот од загуба. Вашиот ентузијазам за победа треба да го надмине стравот од паѓање и да ви помогне да се фокусирате и да ја насочите вашата енергија кон она што е потребно за да успеете.

Постојат многу други животни лекции кои можете да ги научите и од оние околу вас. Секако, некои лекции се учат на потешкиот начин, но извлечете и некоја поука од искуствата на другите.

 

Сподели!
- Advertisement -