10 C
Skopje
понеделник, февруари 24, 2020

Во Њујорк по ѕидовите ќе се поставуваат 3Д печатени модуларни домови за бездомници

Kabtel desktop

Проблемот со бездомниците е особено страшен во големи градови како Њујорк, каде што не може да се најде евтин стан или земјиште за градење, додека бројот на бедомни луѓе постојано расте и е најголем од Големата депресија во 30-тите години. Но, што кога би можеле да се искористат малку употребуваните згради, поточно надворешните ѕидови за да се вдомат бедомниците?

Тоа е идејата на Homed, предлог од компанијата за дизајн Framlab, со седишта во Осло и во Њујорк, која сака да направи шестоаголни форми кои ќе се закаќуваат на ѕидовите на зградите и ќе оформуваат една вертикална мрежа. Тие мали домови ќе бидат алтернатива за пренатрупаните засолништа за бездомници, кои не можат да им обезбедат фиксна адреса.

Готовите форми потоа ќе се прикачуваат на ѕидови без прозорци и лесно ќе може да се расклопат ако има потреба. Однадвор ќе имаат алуминиумска школка, а внатрешниот дел ќе биде 3Д испечатен од рециклиран поликарбонат. Прозорци направени од паметно стакло ќе овозможат да се затемнат или да се осветлат по потреба.

Освен ѕидови од поликарбонат, во внатрешноста ќе има дрвени панели за потопол изглед. Мебелот ќе биде 3Д печатен од биопластика и модуларен, за жителите да можат да го прилагодат по желба. Освен соби, ќе има и бањи и простории за заедничка употреба.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •