Илон Маск е креаторот на биткоин, тврди поранешен вработен во SpaceX

- Advertisement -

Дали основачот и извршен директор на Tesla и SpaceX би можел да биде и креаторот на најголемата криптовалута?

Една од најголемите мистерии околу биткоин – криптовалутата која само што надмина вредност од 10 000 долари – е тоа кој всушност ја создаде оваа криптовалува. Сатоши Накамото е наведен како автор на оригиналниот труд кој го опиша биткоин, но не постои вистинска личност или група на луѓе кој се има јавно изјаснето дека е Накамото.

Пред неколку дена, Сахил Гупта, кој стажирал како софтверски инженер во SpaceX, напиша статија во Medium аргументирајќи дека Сатоши Накамото е никој друг, туку Илон Маск, пишува Entrepreneuer.

- Advertisement -

Неговите докази со кои тој ја поддржува својата теза не се конретни, но прават некаква логика. Имено, оригиналниот труд со кој беше опишан биткоин во 2008 година е напишан од некој со длабоко разбирање во економија и криптографија, познавања кои Маск ги поседува според Гупта. Маск исто така одлично го владее програмскиот јазик С++, јазикот во кој беше напишан и биткоин, додал Гупта.

„Искуството на страна, Илон е самоук полимат или човек со широко знаење и мудрост. Тој постојано иновира интердисциплинарно преку читање на книги за некоја тема и применувајќи го знаењето кој го стекнал. На овој начин тој изгради ракети, го измисли Hyperloop (кој прво го објави во труд), а можеби го измислил и биткоин.“, пишува Гупта.

- Advertisement -

Гупта исто така посочува кон еден твит на Маск од 2014 година.

- Advertisement -

Еден од најинтересните аргументи на Гупта како што пишува Entrepreneuer е тоа што според него, Сатоши Накамото е псевдоним кој истовреме е анаграм и звучи ‘So a man took a shit’ (Satoshi Nakamoto) што тотално одговарало на природата на Маск.

Ова не се доволно докази, но дефинитивно станува збор за интересна хипотеза.

Сподели!
- Advertisement -