Жителите на Хаити со рециклирање пластика обезбедуваат школарина за децата

- Advertisement -

Во Хаити се одвива една револуција на одржливоста. Додека во САД рециклирањето десетина пластични шишиња може да ви донесе само неколку долари, во Хаити со парите што ќе ги земете можете да го запишете детето на училиште, да си ја платите сметката за струја или да купите продукти за дома. За една од најсиромашните земји во светот рециклирањето на пластиката стана синоним со бегство од сиромаштијата.

Оваа револуција на одржливост почна кога компанијата Plastic Bank почна да тестира нов модел на социјална трговија во Хаити во 2015 година. Нивната идеја е едноставна. Локалното население се поттикнува да собира пластика во замена за пари или за продукти како масло за готвење, за греење, за школарина и слично.

- Advertisement -

Откако луѓето ќе ја донесат пластиката во центарот за рециклирање, со кој менаџира локален претприемач и работници од локалното население, тие добиваат пари на мобилна Blockchain апликација. Тие пари потоа можат да ги искористат за купување. Овој метод е корисен затоа што е побезбеден и може да го надгледуваат од Plastic Bank.

Центрите за рециклирање потоа фабриката ја претвораат во пелети. Тие пелети ги користат мултинационални брендови за да произведуваат производи. Во текот на изминатите неколку години постојано расте побарувачката за пластични пелети, со што се отвора поголем потенцијал за компаниите што рециклираат пластика, а особено за луѓето на кои ова им е извор на егзистенција.

- Advertisement -

Некои компании како Dell директно се инволвирани во чистењето на пластичниот отпад. Компанијата за компјутери има машина во Хаити кои годишно може да собере 8.000 килограми пластика од плажите и да ја претвори во пелети.

Локалците кои работат во центрите за рециклирање во Хаити годишно заработуваат до 3.000 долари, што е импресивна сума за земја каде што 2/3 од луѓето живеат со помалку од 2 долари на ден. Компанијата Plastic Bank ги обучува локалните претприемачи за финансии и сметководство.  Според Forbes, досега во Хаити има повеќе од 30 центри за рециклирање пластика, а повеќе од 3.500 луѓе собираат пластика. Хаити, како и многу други земји во светот, се дави во пластичен отпад, па овие центри помагаат за зачувување на животната средина.

- Advertisement -

Загадувањето на глобално ниво е со застрашувачки размери. Според проценките, од 1950 година до 2015 година се произведени 8,3 милијарди тони пластичен отпад, од кои 75% се фрлени. Околу 8 милиони тони пластика секоја година завршуваат во океаните. Тоа е еднакво како секоја минута еден камион полн со пластичен отпад да го истура ѓубрето во океан.

Сподели!
- Advertisement -