НАСА закажа вонредна конференција – се шпекулира дека ќе соопшти дали постои вонземски живот

- Advertisement -

НАСА за в четврток најави посебна конференција за ковинари, а научната јавност и медиумите шпекулираат дека станува збор за докази дека постои некој вонземски живот или податоци за откритие на новви планети. Откритието го направи телескопот Kеплер.

Како што пишува The Independent, вселенскиот телескоп на НАСА, Kеплер, има за задача да пронајде други планети слични на Земјата на кои може да има живот. Последното откритие на телескопот е толку битно што НАСА свика огромна прес конференција. Нема подетални информации за тоа што можеме да очекуваме, но речиси е сигурно дека веста што ќе ја слушнеме се однесува на егзопланетите, односно светови со големина на Земјата кои орбитираат околу свои сонца и се наша надеж за пронаоѓање вонземски живот.

- Advertisement -

Вселенската агенција изјави дека откритието е направено со помош на вештачката интелигенција на Google, која се користи за да се анализираат податоците кои ги испраќа телескопот. Со помош на машинското учење на технолошкиот гигант НАСА се надева многу набрзо да пронајде планети на кои може да се живее.

Од НАСА истакнуваат дека четворица инженери и научници ќе бидат дел од конференцијата. Телескопот Кеплер беше лансиран во 2009 година, кога начуниците не знаеја колку егзопланети постојат. Сега се знае дека ги има многу и секоја ѕвезда може да има своја планета.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -