-2.2 C
Skopje
недела, јануари 23, 2022

Ќе се гради најголемата пловечка соларна фарма во светот

Kabtel desktop

Компанијата China Three Gorges Corp. ќе гради пловечка соларна фарма во источната провинција Анхуи, која ќе биде најголемата таква во светот и ќе чини околу 150 милиони долари. China Three Gorges почна со изградбата на проектот со моќност од 150 мегават-часови и дел од фармата веќе е поврзан на електрична мрежа. Проектот е составен од панели фиксирани на пловечки површини поставени во езеро кое е создадено откако се затворил некој рудник за јаглен. Се очекува целата фарма да биде готова до мај 2018 година.

Како што пишува The Independent, соларната енергија добиена од пловечки фарми станува се почеста во Кина, каде што копнените проекти не можат да се искористат со полн капацитет поради густината на населеноста. Околу 5,6% од генерираната соларна енерија во првите три квартали не се користеше. Пред да се почне изградбата на фармата на China Three Gorges најголемата пловечка соларна фарма во Кина имаше моќност од 40 мегават часови.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!