Brainster ја претстави бесплатната алатка MoeCV.mk за креирање дигитално CV

- Advertisement -

МоеCV.mk е нова и бесплатна алатка за креирање на дигитално CV. Со брза регистрација можете за 5 минути да стигнете до дизајнирано онлајн CV кое вработува и е одобрено од HR менаџерите 

Оваа апликација произлезе од викенд-хакатонот како дел од Brainster Академијата за Web Development, поточно од Бране, Саше и Алмедин.

- Advertisement -

Без разлика колкаво работно искуство имате, начинот на кој ги презентирате вашите вештини, може да го привлече или одбие вашиот следен работодавец. Целта е MoeCV.mk да биде првиот и сигурен чекор до вашето следно вработувањеГлавната идеја била да се создаде бесплатен онлајн CV креатор кој ќе го забрза процесот на апликација и нема да дозволи никој, никогаш повеќе да задоцни со аплицирање на огласот за работата од соништата.

Станува збор за иновативен начин за тоа како да се издвоите од морето апликации за работа и да стигнете до кариерата која ја посакувате. Алатката е создадена најмногу за учесниците кои завршуваат на Brainster Академиите за маркетинг и програмирање, но и за сите останати баратели на работа кои сакаат да употребат проверен формат на CV.

- Advertisement -

Само 2% од апликантите стигнуваат до интервју.

- Advertisement -

Најголемата препрека кај поголемиот дел од барателите на работа не е стекнувањето на вештините. Способни се да станат одлични програмери, маркетери или дизајнери за рекордно време, ама портфолиото го прават еден месец. Со оваа алатка немате простор за размислување дали треба да биде насловот полево или подесно, вештините или образованието најгоре, буквите болдирани или не. Вака секој може брзо и бесплатно да направи CV со кое ќе ги истакне своите главни компетенции.

Работа во дигиталните индустри не се добива со испраќање Europass CV како Word документ. Помина времето на вработување врз база на диплома. Современиот процес на регрутација се базира на вештините кои ги има поединцот. Приватниот сектор од вас сака да види што знаете и што можете пред да ви даде шанса за работа. Затоа, преку ова визуелно CV ќе ги истакнете вештините кои работодавците сакаат први да ги видат, но и проектите на кои имате работено. Со MoeCV.mk можете да го зачувате вашето ново CV како PDF документ или пак, да го направите достапно онлајн во форма на Landing страна.

Brainster е иновативна компанија за едукација и кариерна трансформација која преку курсеви и Академии им овозможува на индивидуалците да дојдат до успешна кариера. Секој може да ги научи најновите вештини за програмирање, маркетинг, дизајн и бизнис, преку работење на реални проекти како МоеCV.mk. Најдобрите учесници кои завршуваат на Brainster академии се поврзуваат со компании кои имаат потреба од најдобрите таленти.

Сподели!
- Advertisement -