1.6 C
Skopje
понеделник, јануари 20, 2020

Панталони направени од пластични шишиња и зрна кафе

Kabtel desktop

Бизнис кежуал е најфрустрирачката категорија облека, особено кога станува збор за панталоните. Вообичаено, доколку се модерни, панталоните се неудобни, а доколку се удобни, изгледаат како да ги носее нашите баби. Сега има кампања на Kickstarter која ќе ви помогне да го најдете совршениот пар панталони. Запознајте ги LEZÉ the Label.

Соосновачите Карен Ли и Тања Ле сакаат да ја побијат идејата дека панталоните за работа се премногу греди за да ги носите на друго месѕо. Мотото на LEZÉ е „Последниот пар панталони кои ќе ви требаат“.

 

Панталоните се направени да одговараат на секаква форма на тело, а најбитниот момент е дека се еколошки. Двете дизајнерки одлучиле на позитивен начин да го искористат пластичниот оптад во океаните, па панталоните се направени од комбинација од полиестер од рециклирани пластични шишиња, влакна од зрна кафе и еластин.

Во кампањата за Kickstarter се вели дека не само што се растегливи, меки и се прилагодуваат на телото, микропорите во ткаенината овозможуваат контрола на непријатни мириси и на влага, што значи дека панталоните никогаш нема да мирисаат непријатно.

Од тимот на LEZÉ велат дека ова е само почеток и во иднина планираат да прават други парчиња облека од истиот материјал. Првите пратки панталони ќе бидат доставени во мај 2018 година по цена од 75 долари. Доколку и вие сакате да нарачате едни, одете на овој линк.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •