Одобрена првата гринфилд инвестиција вредна 5 милиони евра според Планот за економски раст

- Advertisement -

На вчерашната седница владата донесе одлука за согласност на Договорот за долготраен закуп на градежно земјиште во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 со Друштвото за трговија, услуги и производство Cemdag Lightning Europe.

Ова е прв договор за гринфилд инвестиција според критериумите од новиот План за економски раст кој беше промовиран непосредно пред Нова Година, вреден 5 милиони евра и предвидува 100 нови вработувања.

- Advertisement -

Cemdag Lightning Europe е турска компанија основана во 1968 година со главно седиште во Измир, како и оперативни во најголемите турски градови како Истанбул, Анкара и Бурса.

Cemdag Lightning Europe, според јавно достапните информации, има 3 фабрики за производство кои се распрострираат на површина од 41.000 метри квадратни и е лидер на турскиот пазар за осветлување.

- Advertisement -

Компанијата Cemdag Lightning Europe произведува светилки за улично осветлување, рефлектори, големи системи за осветлување, производи за индустриско и осветлување на деловен простор и системи за домашно осветлување. Cemdag Lightning Europe тврдат дека воведуваат постојани иновации и вложуваат многу во развој и истражување.

Засега од компанијата официјално не ја потврдиле веста за влез во Македонија на нивната службена веб страница.

Сподели!
- Advertisement -