1.6 C
Skopje
понеделник, декември 9, 2019

Подарок мобилен интернет за сите Вип корисници

Kabtel desktop

Телекомуникациската компанија Вип ја започнува новата година со подароци и изненадувања за своите свои корисници на мобилната телефонија. Сите припејд и постпејд мобилни корисници во првиот месец од годината добиваат подарок дополнителен интернет пакет, а со тоа и  уште поголема можност за слободна мобилна интернет комуникација.

Сите постоечки и нови пост пејд корисници, активирани заклучно со втори јануари веќе на вториот ден од новата година добија подарок “Mесечен интернет пакет од 2 GB” што ќе можат да го искористат до 31 јануари годинава. Подарокот од дополнителен мобилен интернет го добиваат и оние корисници кои во меѓувреме направиле обнова или промена на тарифата.

Сите постоечки и нови припејд корисници пак кои ја активирале услугата заклучно со втори јануари добиваат подарок “Неделен интернет пакет од 1GB” што ќе можат да го искористат до 10 јануари оваа година.

Со овој подарок што го добиваат сите корисници на мобилната телефонија, Вип уште еднаш потврдува дека е компанија ориентирана кон подобрување на комуникациското искуство на своите корисници.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •