Од кои нешта треба да се откажете за да успеете во кариерата?

- Advertisement -

Поголемиот дел од нас ја слушнал или употребил фразата „Немој да се откажуваш“ неколку пати и до толку сме ја прифатиле што дури и кога читаме книга која ни е досадна, не ја оставаме додека не ја завршиме. Точно е дека упорноста е клучна за успех, но и откажувањето од некои нешта може да донесе бенефити.

Истражување направено на Универзитетот Рочестер покажало дека луѓето се мотивираат или со цели кои треба да ги достигнат или со цели кои треба да ги избегнат. Оние кои се со цели што треба да ги достигнат, се мотивираат со предизвици и не трошат време обидувајќи се да решат проблем кој нема изводливо решение. Со други зборови, знаат кога да се откажат.

- Advertisement -

Луѓето кои се мотивираат со целите кои треба да ги избегнат, пак, повеќе се загрижени за откажување. Тие сакаат да избегнат неуспех по секоја цена и продолжуваат да се борат дури и кога логиката го предлага спротивното. Ова е всушност многу помалку продуктивен начин на работа.

Вештина и да се знае кога треба да се откажете од некои нешта, а откажувањето е нешто што се тренира. Еве со кои нешта да почнете.

- Advertisement -

Откажете се од сомнежите во себе. Самодовербата игра голема улога во успехот. Според анализа направена на тоа како луѓето бараат унапредување на работа, жените аплицираат за унапредување кога задоволиле 100% од бараните критериуми, додека мажите кога стигнуваат до 60% од бараните критериуми. Една од причините поради која мажите доминираат на повисоките нивоа во компаниите е бидејќи имаат повеќе самодоверба да побараат повеќе, а во вакви моменти самодовербата е таа која ќе ве однесе на повисокото ниво.

Откажете се од одложување на обврските. Промената е тешка, како и подобрувањето. Кога нештата стануваат тешки, најлесно е кога ќе одлучиме да ги завршиме утре. Проблемот е што утро никако да дојде. Кога си кажувате дека одредена обврска ќе ја завршите утре, си кажувате изговор што значи дека или не сакате всушност да го работите тоа или сакате резултати без вложен напорен труд.

- Advertisement -

Откажете се од ставот дека немате избор. Секогаш има избор, дури и кога сте во ситуација да бирате помеѓу две работи кои се еднакво лоши. Доколку се преправате дека не постои избор, земате улога на жртва која сама си ја наметнала несреќата. За да глумите жртва, значи да се откажете од вашата моќ, а ова нема цена. За да успеете на највисокот ниво, мора да престанете да се откажувате од моќта.

Откажете се од повторување на истите нешта и очекување на ист резултат. Алберт Ајнштајн рекол дека лудоста секогаш прави исти нешта, а очекува различен резултат. И покрај здравиот разум, постојат многу луѓе кои се уверени дека доколку соберат два и два, ќе добијат пет. Вистината е едноставна: доколку се држите до истиот пристап, ќе ги добивате истите резултати без разлика колку се надевате на спротивното.

Откажете се од ставот дека сѐ ќе се реши само по себе. Сигурно е чувството кога верувате дека на крајот сѐ се решава, но вистината е дека и вие треба да се потрудите. Не очекувајте вашиот шеф сам да забележи кога е време да ве унапреди. Работите не се решаваат магично, туку вие мора да покажете проактивност и да преземете одговорност за вашите постапки.

Откажете се од кажувањето „да“. Во кариерата, секое кажување „да“ значи да се каже „не“ на нешто друго. Доколку кажете „да“ на прекувремено работење, кажувате „не“ на вежбањето после работа или слободното време со фамилијата. Истражување спроведено на Универзитетот на Калифорнија, во Сан Франциско, покажало дека колку е потешко да се каже „не“, толку повеќе се зголемува стресот што може да предизвика дури и депресија. Кога ќе почувствувате дека треба да кажете „не“, не користете фрази како „мислам дека не можам“ или „не сум сигурен“. Кога кажувате „не“, треба да покажете посветеност бидејќи тоа ќе ви даде шанси успешно да ги завршите работите кои се важни.

Сподели!
- Advertisement -