Ова го прават успешните луѓе во понеделник наутро

- Advertisement -

Понеделник наутро е најкритичниот дел од неделата и тоа често одредува како ќе биде остатокот од неделата, па мора да водите сметка како ќе го започнете. Колку и да е хаотичен, можете да предвидите дека ќе ве дочека куп работа. Треба да сфатите дека можете да преземете контрола над тоа утро и да управувате со ситуацијата. Еве некои работи кои ги прават успешните луѓе во понеделник наутро и кои треба да ги правите и вие ако сакате да сте успешни.

1. Рано стануваат. Успешните луѓе во недела легнуваат во пристојно време. Нивното повеќегодишно искуство покажало дека така е најдобро, затоа што во понеделник ќе станат рано. Ако во понеделник се пробудите ненаспани, голема е веројатноста дека ќе бидете нервозни кога ќе се соочите со проблеми на работа и тоа ќе влијае на вашата работа.

- Advertisement -

2. Вежбаат. Утринската гимнастика ја подобрува циркулацијата и ви помага да останете будни и  продуктивни цела недела.

3. Јадат здрав појадок. Појадокот треба да направи да се чувствувате убави, сито и задоволно во сопственото тело. Кога чувствувате глад, не можете да се фокусирате и сте анксиозни.

- Advertisement -

4. Доаѓаат порано на работа. Не ги одложувајте обврските. Во понеделник комуникацијата е послаба, па затоа решете ги проблемите навреме.

5. Го чистат бирото и декстопот. Ова требало да го направите и во петок попладне. Доколку не сте исчистиле, направете го тоа во понеделник наутро.

- Advertisement -

6. Издвојуваат време за неочекувани проекти и задачи. Издвојуваат време за неочекувани проекти и задачи. Успешните луѓе го очекуваат неочекуваното во понеделник наутро.

7. Го поздравуваат шефот и тимот. Битно е ова да го направите наутро бидејќи треба да го одржите моралот во фирмата.

8. Ја проверуваат и ја дополнуваат листата со обврски и цели. Поставете си приоритети, а потоа поставете 5 до 8 цели.

9. Визуализација на неделниот резултат. Осмислувањето позитивни исходи на проектот може да ве однесе назад и да определите некоја неопходна тактика за да ги добиете саканите резултати.

10.Посебно ги означуваат итните барања и мејлови. Така нема да ги заборават и нема да дојде до кризна ситуација.

11. Прво се фаќаат во костец со тешките задачи. Вашата енергија е најсилна наутро и затоа тогаш треба да се занимавате со поризични и потешки работи, се додека имате добра концентрација.

12. Посебно се трудат да се насмеат. Можеби вам ова ви е последната работа на памет, во понеделник, но ќе ви помогне да го истуркате денот и да ја опуштите атмосферата.

13. Внесете повеќе човечност во мејловите. Пред да испратите некоја задача за тимот или мејл до колегите, проверете дали во понеделник наутро сте имате попријателски однос за да придонесете за попријатна работа. Почнете го мејлот со „Здраво“ или „Се надевам дека убаво си поминавте викендов“.

14. Знаат да кажат не. Во понеделник многумина ќе ви досдуваат, ќе ви се јавуваат итн. Успешните луѓе мора дипломатски и учтиво да ги одбијат колегите.

15. Остануваат фокусирани. Успешните луѓе премногу се задржуваат на ситници кои се појавуваат во текот на неделата.

16.Имаат на ум дека по понеделник следува вторник. Не мора се да се заврши во понеделник. Можеби ќе си направите услуга доколку оставиме работите да преноќат. Не мора се да направите во понеделник!

Сподели!
- Advertisement -