Глобалната поврзаност е навистина прекрасно нешто особено кога сакате да започнете нешто иновативно, оригинално и ново. Многу иноватори денес се свртуваат кон т.н. crowdfunding платформи или онлајн платформи за групно финансирање во случаи кога немаат пари или инвестиции.
Најпознатите и најразвиените вакви платформи се Kickstarter и Indiegogo. Прочитајте по што овие две платформи за слични, а по што се разликуваат пред да одлучите на која од нив ќе ја претставите вашата идеја за производ.
Kickstarter е моментално најраспространетата онлајн платформа за групно финансирање. Преку неа до сега се пласирани околу 95 илјади проекти од страна на 9,7 милиони корисници, а дури една третина од корисниците поддржуваат повеќе кампањи истовремено. Што се однесува до вкупните средства, собрани се вртоглави 2 милијарда долари во сите кампањи заедно. 132 кампањи до сега ја имаат пробиено границата од милион долари, додека пак 2355 кампањи собрале повеќе од стотина илјади долари.
Проектите се поделени во петнаесет категории од кои најпопуларни се видео, музика, издаваштво, видео игри итн.
Кои се негативните страни на оваа платформа? Само 36,69% од досегашните проекти успеале да ја остварат својата целна сума што значи дека 63% од кампањите завршиле неуспешно. Но не очајувајте, бидете креативни и споделувајте ја пораката надвор од платформата. Доколку успеете во тоа, сигурно ќе ги соберете посакуваните пари.
Indiegogo на почетокот беа фокусирани на независна кинематографија но со текот на времето прераснаа во платформа со поширок дијапазон. Оваа платформа е достапна во 200 земји ширум светот и нуди 24 категории. Исто така овде постојат повеќе платформи отколку на Kickstarter. Моментално има десет илјади активни кампањи, додека пак Kickstarter има шест илјади.
Проблемот овде е тоа што само 6-7% од кампањите завршуваат успешно што е навистина демотивирачки. Затоа доколку не сте некој уметнички тип отворен за нешто побизарно и пооригинално, можеби е најдобро да се задржите на Kickstarter.
(ictbusiness.info)