Користењето пиратски софтвер носи бројни опаснсти со себе. Еве на што предупредуваат експертите од Kaspersly Lab!
Социјалните мрежи го движат светот. Најчесто кога треба да се споделат видеа од одмор за за да ги видат пријателите, наместо да се плати за обработка на видеата, се бара бесплатна верзија на Adobe Premiere или слично. При пребарување еден од првите линкови кои се појавуваат е непозната страница со убав дизајн, коментари од корисници, па дури и формулар за фидбек.
На прв поглед се изгледа добро. Софтверот ќе се симне, ќе се инсталира и ќе стартува без проблем – но исто така без да побара код за активација. Веднаш корисникот помислува каква среќа имал, за подоцна да забележи дека компјутерот работи побавно од вообичаено. Игрите кои вообичаено се отворале без проблем сега заглавуваат или не се отвораат. Друго изненадување следува идниот месец – сметката за електрична енергија е повисока од вообичаено!
Што се случува?
Бесплатен софтвер и паразитски програми за „рударење“
Веќе предупредивме на опасностите од симнувањето бесплатни верзии на програми затоа што може да има потенцијално страшни последици. Последните години се забележува пораст на обидите да се заработи преку корисниците на вакви бесплатни програми преку интегрирање вирусни програми за „рударење“ во бесплатниот софтвер.
Токму тоа се случи и со симнатиот пиратски видео едитор. Во него е интегрирана посебна верзија на програмата за „рударење“ – NiceHash miner, конфигурирана за „минирање“ на податоци кои директно одат во во криптопаричниците
Наивните штедливи корисници на бесплатниот софтвер им помагаат на сајбер криминалците да заработат без да бидат свесни за тоа. За да не им текне дека на компјутерите имаат програма која „рудари“ прозорецот со стартуваната програма веднаш се симнува во менито и не се прикажува меѓу активните апликации. Единствениот показател дека работи е малечката икона на дното на екранот веднаш до часовникот и контролата на волуменот.
Игрите и другите поголеми програми бавно работат затоа што програмата што „рудари“ ги користи сите ресурси на компјутерот вклучувајќи ја и графичката картичка, а сметката за електрична енергија ќе се зголеми затоа што „рударењето“ е интензивен процес кој троши многу енергија.
Сепак, луѓето кои не сакаат да плаќаат за оригинални програми не се единствените кои се изложени на ризик од вакви програми. Дури и оригиналниот софтвер може да биде заразен со несакани програми. Апликациите треба да се симнуваат директно од страниците на девелоперите. Неодамна експерти на Kaspersky Lab открија програми за „рударење“ кај многу страници кои дистрибуираат бесплатни и пиратирани апликации. Меѓу нив беа OpenOffice, TeamSpeak, Adobe Premiere Pro, ABBYY Fine Reader, CorelDraw, Microsoft Outlook, Microsoft PowerPoint, Microsoft Office Picture Manager и XPadder.
Како да се заштитите?
За да не го делите компјутерот со сајбер криминалците, следете ги следните едноставни правила:
-сите програми, вклучувајќи ги и оригиналните бесплатни верзии, симнувајте ги од официјални девелопери или официјални продавници за апликации;
-инсталирајте доверливо решение за безбедност – на пример, Kaspersky Internet Security;
-овозможете детекција на ризични програми во своите решенија за безбедност.
Програмите за „рударење“ се легални за луѓе кои навистина сакаат да ги инсталираат на своите компјутери и да „рударат“ криптовалути. Оттука, антивирусните програми не ги блокираат секогаш овие програми, особено доколку не можат добро да утврдат дали програмата е инсталирана од страна на корисникот на компјутерот или од сајбер криминалец. Безбедносните решенија имаат решение и за тоа. За детали како да ја активирате таа опција кај Kaspersky Internet Security посетете го линкот https://support.kaspersky.com/12991.
Овластен дистрибутер на Kaspersky Lab за Македонија е Кабтел дооел Скопје 02/310 3235
http://kabtel.mk/mk/kaspersky.php