USA Today го препорача Скопје за туристичка дестинација во 2018

- Advertisement -

USA Today состави листа од градови кои треба да се посетат во 2018 година. На листата оваа година е и Скопје

Листата е направена од страна на 27-годишниот Сал Лавало коj досега посетил 173 земји кои се членки на Обединети Нации.

„Балканските градови им нудат на посетителите фасцинантен од источна и западна култура“, вели Лавало.

- Advertisement -

„Одејќи од град во град се чини дека запознаваш нова лекција по историја. Тоа што е интересно е што Скопје има повеќе скулптури одколку луѓе. Тие се навистина посветени на туристита и вистински предизвик е да се посети градот“, додава тој.

На листата на градови кои треба да се посетат во 2018 година, освен Скопје се најдоа и: Баку, Дили, Абу Даби, Кигили, Бејрут, Мендоза и др

Сподели!
- Advertisement -